Познатиот јутјубер Бака Прасе се враќа на сцената: Скандалот само ме направи посилен! (ВИДЕО)

инстаграм

Пред околу три недели 23-годишниот јутјубер од Србија Богдан Илиќ или познат под надимакот Бака Прасе се повлече од сцената, поради обвинение за сексуално малтретирање на малолетнички.

Неговата пауза не траеше долго па после само неколку недели од аферата, повторно се врати на Јутјуб со видео во негов стил. Во видеото тој повторно се пошегува на сметка на обвиненијата за педофилија и се што се случуваше изминатиов период.

View this post on Instagram

Sirotinjski ali pošteno.

A post shared by Bogdan Ilic (@bakaprase) on

„Као демек ми откажаа спонзори. Луѓе, што ви е? Се враќам посилен од било кога, очекувајте се! Среќен сум што се враќам, наполнив батерии и продолжувам со снимање“, порача тој во видеото.

Да остане доследен на зборовите, Илиќ одлучи да купи Ламборџини и се пофали на социјалните мрежи.

Во видеото на Јутјуб тој изјави дека се смешни гласините за неговото „пропаѓање“.

„Ќе морам да го продадам Поршето за да купам Ламбо“, вели тој низ смеа во видеото. Инаку, Илиќ досега купи две Порше коли, Ролекс, а сега и Ламборџини. Фотографијата со новиот автомобил ја објави на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот