Познатиот доктор Мозли осмислил диета и гарантира дека за 3 НЕДЕЛИ ќе изгубите 10 КИЛОГРАМИ

Instagram

Британскиот доктор Мајкл Мозли, автор на бројни книги за исхрана, осмислил посебна диета која дава многу ефикасни резултати и тоа веќе за три недели.

Тој тврди дека нема да чувствувате глад, а дека ќе ослабете 5-10 килограми.

Својот режим го нарекол Брзо-800, а стана планетарен хит, пред сè благодарение на делотворноста, но и на фактот дека лесно се спроведува и дека е многу поволна.

Како што и самото име кажува, оваа диета се базира на внесување на 800 калории на ден, но многу е важно какви продукти ќе внесувате во својот организам.

„Придржувајте се до планот и за три недели ќе забележите драстична разлика. Освен калориското ограничување, треба да се придржувате до уште неколку едноставни правила. Видот на намирниците што ги бирате е исклучително важно“, објаснил Мозли.

Првата работа на која треба да обртнете внимание е внесот на течности – потребно е да го зголемите, пред сè бидејќи доволниот внес помага чувството на ситост подолго да се задржи.

Добрите масти се пријател на диетата, па бирајте маслиново масло, јаткасти плодови, масна риба и млечни производи, но во умерени количини.

Доктор Мозли исто така препорачува своите 800 калории да ги внесете во осум часа во текот на денот, поточно да практикувате методот на „повремен пост“.

Пример за мени

Појадок: Две варени јајца со грилувани печурки и салата од млад спанаќ

Ручек: Зачинет грав со тост од интегрално брашно

Вечера: Грилувано пилешко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот