Познатиот актер Мет Дејмон ќе рекламира криптовалути

Мет Дејмон
BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Холивудскиот актер Мет Дејмон е нов амбасадор на криптовалутите. Платформата ќе потроши повеќе од 100 милиони долари на маркетинг кампањата чие заштитно лице ќе биде токму овој глумец.

Имено, актерот ќе биде лице на платформата Crypto.com која настојува да привлече што повеќе нови корисници и да создаде меинстрим од оваа индустрија.

Ривалите како што се FTX и Coinbase веќе во голема мера вложуваат пари во маркетинг за оваа година, потпишувајќи договори со спортски лиги и тимови. Исто така, познати личности сѐ повеќе се вклучвуааат во вакви соработки или самите влегуваат во крипто светот – пишува „Blumerg“

Инаку ова е прва глобална маркетингшка поддршка за Crypto.com, кој ја зголеми својата корисничка база десеткратно од минатата година, среде огромниот интерес за криптовалутите како што е биткоинот.

На кампањата ќе бидат потрошени повеќе од 100 милиони долари, затоа што рекламите ќе бидат со Дејмон во главна улога, а ќе ги режира Воли Фистер. Идејата е да бидат емитувани во преку 20 земји.
Дејмон изјави во интервјуто по повод оваа активност:

„Никогаш не сум дал ваква поддршка, но се надевам дека ова е почеток на одлична долгорочна соработка.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот