Познати сите жртви во хеликоптерската несреќа во која загина Брајант (ФОТО)

Фото: Твитер

Хеликоптерската несреќа во која вчера загина легендарниот поранешен кошаркар во НБА, Коби Брајант, го шокираше целиот свет. Приватниот хеликоптер на Брајант се урна вчера пред 10 часот локално време во Калабасас, околу 50 километри северозападно од Лос Анџелес, Калифорнија. Според последните податоци, во леталото се наоѓале вкупно девет лица, а сите се загинати, соопшти полицијата од Лос Анџелес.

Покрај Брајант и неговата тринаесетгодишна ќерка Џана Брајант, меѓу жртвите е и дел од друго семејство, бејзбол тренерот Џон Алтобели (56), неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса која заедно со Џана играле кошарка за Академијата Мамба и вчера патувале на турнир во Таусенд Оукс.

Загина и Кристина Маусер, исто така кошаркарски тренер, младата кошаркарка Пејтон и нејзината мајка Сара Честер, кои исто така оделе на турнирот во Таусенд, како и пилотот Ара Зобајан.

Неофицијално, се дознава дека причина за несреќата била намалена видливост и магла со превисока влажност на воздухот, а по ударот се случил силен пожар. Полицијата во Лос Анџелес вчера потврди дека поради магла и намалена видливост ги приземјила своите хеликоптери во текот на раните утрински часови до попладнето. Оттаму информираа дека тоа се случува кога видливоста е минимум до три километри, а растојанието помеѓу облачниот масив и теренот е 243 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот