Познати сите учесници во СЕХА, Вардар се наоѓа во групата А

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Нов формат на натпреварување имаме од наредната сезона, наместо една, сега се формирани две групи, „А“ и „Б“. Секоја група ќе има по шест тима, бранителот на трофејот Вардар се наоѓа во групата А, а Еурофарм Работник кој дебитира се најде во групата Б.

Има неколку новајлии во СЕХА, како што се најавуваше ќе се натпреварува и кинески клуб, станува збор за Пекинг Спорт Универзити кој ќе ги одмери силите во групната фаза против битолчани.

Претходно се говореше дека поради политика Украина ќе му забрани на Мотор Запорожје да игра во регионалната лига, бидејќи главниот спонзор е руската компанија „Газпром“, а таа земја не сака на своја територија да го рекламира тој руски нафтен гигант.

И покрај тоа, СЕХА го промовираше Мотор Запорожје како нов учесник и ќе биде во групата А играјќи против Вардарци.

СЕХА Газпром лига (сезона 2019/20)

Група А

Вардар (Македонија)

Нексе (Хрватска)

Татран Прешов (Словачка)

Војводина (Србија)

Грундфос Татабања (Унгарија)

Мотор Запорожје (Украина)

Група Б

ППД Загреб (Хрватска)

Мешков Брест (Белорусија)

Еурофарм Работник (Македонија)

Металопластика Шабац (Србија)

Веспрем (Унгарија)

Пекинг Спорт Универзити (Кина)

Првите натпревари во новата деветта по ред сезона на СЕХА лигата ќе се играат на 3 и 4 септември 2019 година со термини од 17.15, 19.00 и 20.45 часот. Наскоро ќе биде објавен и целиот распоред на натпреварите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот