Познати сите учесници во нокаут фазата на Лига Европа

twitter.com/punditjay

После комплетирањето на шестото коло на групната фаза на Лига Европа, познато е и кои тимови обезбедија пласман во елиминациските борби.

Во четвртоткот англиските Манчестер јунајтед и Вулверхемтон ги остварија најубедливите победи, додека Рома одигра нерешено со австрискиот ВАЦ.

Освен патниците од ЛЕ, двете најдобропласирани од сите групи, во ждрепката за нокаут фазата во Лига Европа ќе се најдат и третопласираните од групите на Лигата на шампионите.

Тие се Клуб Бриж, Олимпијакос, Шахтјор Доњецк, Баер Леверкузен, Салцбург, Баер Леверкузен, Салцбург, Интер, Бенфика и Ајакс.

Во ждрепката ќе се најде и еден македонски интернационалец Стефан Ристовски кој ги брани боите на португалскиот клуб Спортинг.

Лига Европа, 1/16 финале

1. шешир: Ајакс, Арсенал, Базел, Бенфика, Брага, Селтик, Еспањол, Гент, Интер, Истанбул Башакшехир, ЛАСК, Малме, Манчестер јунајтед, Порто, Салцбург, Севиља.

2. шешир: АПОЕЛ, АЗ Алкмаар, Баер Леверкузен, Клуж, Клуб Бриж, ФК Копенхаген, Ајнтрахт Франкфурт, Хетафе, Лудогорец, Олимпијакос, Ренџерс, Рома, Шахтјор Доњецк, Спортинг, Волфсбург, Вулверхемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот