Познати сите термини за продолжението на НБА лигата, стартот е на 30. јули.

EPA-EFE/TANNEN MAURY

НБА лигата ги одредите датумите за продолжението на сезоната која е прекината во март поради пандемијата на коронавирусот.

НБА лигата сè уште работи на комплетирање на медицинските и безбедностите протоколи, но се знае дека од 1. до 9. јули се планирани иднивидуалните тренинзи за кошаркарите на 22. екипи кои ќе бидат дел од завршницата на лигата во Дизниленд, Орландо.

Од 7. до 9. јули екипите треба да пристигнат во Орландо, а потоа се до 29. јули ќе се организираат камповите за сите екипи и притоа ќе бидат извршени првите тестирања на коронавирус.

Од 30. јули до 14. август е предвидено да се играат натпреватите од регуларниот дел од сезоната која ќе биде скратена.

Два дена 15. и 16. август се резервирани за плеј-ин натпреварите или квалификации за плеј-оф во случај екипите да бидат на делба на осмото место во конференциите.

Најдоцниот термин за старт на плеј-фот е 17 август, а од 31. август до 13. септември ќе се играат конференциските полуфиналиња. Потоа две недели се предвидени за конференциските финалиња, додека големото НБА финале се на програмата од 30. септември до 13. октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот