Познати сите четвртфинални двојки во Лига Европа! (ВИДЕО)

фото: твитер

Вечерва се комплетираше осминафиналната фаза од фудбалската Лига Европа, Базел на реваншот славеше со 1:0 против Ајнтрахт Франкфурт.

Стрелец на единствениот гол за домаќините беше Фреи во 88 минута кога ја издрибла скоро цела одбрана, па дури и голманот за рутинска завршница.

Швајцарците триумфираа со 0:3 на првиот натпревар во Германија и на убедлив начин се пласираше на завршниот турнир.

По првите 90 минути во Грција беше 1:1, а на возвратниот дуел во Англија Вулверхемптон со 1:0 беше подобар од Олимпијакос.

Победата ја донесе мексиканскиот интернационалец Хименез кој прецизен од белата точка. Грчкиот претставник во 29 минута успеа да постигне гол, но истиот беше поништен поради офсајд.

Лига Европа (2019/20)

Четвртфинале, двојки –

10. август
Манчестер јунајтед-Копенхаген (Келн, Германија)
Интер-Баер Леверкузерн (Дизелдорф, Германија)

11. август
Шахтјор Доњецк-Базел (Гелзекирхен, Германија)
Вулверхемптон-Севиља (Дуизбург, Германија)

ЛЕ: Крај за Рома, Леверкузен си закажа дуел со Интер! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот