Познати сите четвртфинални двојки на „Копа Америка“

twitter.com

Копа Америка ги доби најдобрите осум репрезентации кои ќе се борат за престижниот трофеј годинава.

Тие се двете првопласирани од трите групи, како и две репрезентации кои завршија како третопласирани со подобар биланс од другите.

Во четвртфиналето се најдоа: Бразил, Венецуела и Перу (А-група), Колумбија, Аргентина и Парагвај (Б-група), Уругвај и Чиле (Ц-група).

Во последното коло од групата Ц, Уругвај го победи Чиле со 1:0, додека Еквадор и Јапонија ремизираа со конечен резултат 1:1.

„Копа Америка 2019“, четвртфинални двојки:

Бразил – Парагвај (Порто Алегре, 27 јуни)
Венецуела – Аргентина (Салвадор, 28 јуни)
Колумбија – Чиле (Сао Пауло, 28 јуни)
Уругвај – Перу (Ресиве, 29 јуни)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот