Познати се сите учесници во ЛШ од италијанската Серија А

Вечерва Рома ги загуби сите шанси да биде на местата кои водат во групите на Лигата на шампионите за следната сезона.
На својот „Олимпико“ во Рим играчите на Жозе Мурињо одиграа само без голови 0:0 против Болоња.
На ова реми најмногу се радуваше Јувентус кој и официјално не може да заврши под четвртото место.
Така, познати се сите учесници од италијанската Серија А кои ќе партиципираат следната сезона во групната фаза на ЛШ, тие се Милан, Интер, Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Јувентус.
На три кола до крајот на сезоната во шампионатот и натаму се води битка за Скудетото, Милан е прв со 77 бодови, два повеќе од Интер, трет е Наполи (70), а четвртопласиран е Јувентус (69), 10 повеќе од петтопласираната Рома.
Видео на денот