Познати се сите учесници на ЕП 2022 на кое домаќин ќе биде и Македонија

Левче Китевски ги водеше ракометните репрезентации од јуни 2020/Фото: РФМ

Денеска по завршувањето на квалификациите ги дознавме сите патници за следниот континентален собир во сениорска женска конкуренција кој годинава ќе се одржи во три земји Словенија, Црна Гора и Македонија во периодот од 4-20 ноември.

Вкупно 16 репрезентации ќе учествуваат на Европското првенство, покрај домаќините Словенија, Црна Гора и Македонија, ќе настапи и актуелниот европски шампион Норвешка, а преку квалификациите пласман обезбедија Холандија, Полска, Данска, Швајцарија, Франција, Шведска, Германија, Шпанија, Унгарија, Србија, Романија и Хрватска.

Како што е веќе најавено, жрепката за извлекување на групите на ЕП 2022 ќе се одржи на 28 април во Љубљана.

Нашата репрезентација предводена од селекторот Љубомир Савевски веќе е сместена во групата „Ц“ која ќе се игра во Скопје, а од третиот шешир ќе ги чека противниците.

Напомена дека од вториот шешир, ривали не можат да ни бидат Црна Гора и Унгарија кои се домаќини во Подгорица, односно Љубљана, па така сигурно ќе играме против Полска или Шведска од тој шешир.

Шешир 1: Норвешка, Франција, Данска, Холандија
Шешир 2: Црна Гора, Унгарија, Полска, Шведска
Шешир 3: Македонија, Словенија, Хрватска, Германија
Шешир 4: Шпанија, Романија, Србија, Швајцарија

Европско првенство (4-20 ноември 2022 година) –

Група „А“ (Љубљана) Унгарија
Група „Б“ (Целје) Словенија
Група „Ц“ (Скопје) Македонија
Група „Д“ (Подгорица) Црна Гора

ЕХФ Евро куп: Македонија вторпат поразена, но не разочара против Норвешка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот