Познати се новите цени на горивата

Попладнево на својата интернет страна Регулаторната комисија за енергетика го објави новиот ценовник за нафтените деривати, а кој ќе стапи во сила од ноќеска по полноќ.

Според новиот ценовник, цените на бензините Супер – 95 и Супер – 98 остануваат непроменети, односно ќе се продаваат по цена од 66,50 и 68,50 денари, а согласно оваа одлука, новата цена на дизелот ќе биде 60,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 50,50 денари за литар.

Овој ценовник ќе остане во сила до следниот понеделник за кога според новата Методологија, РКЕ ќе ја објави промената на цената на горивата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот