Познати ривалите на македонските одбојкари и одбојкарки на Медитеранските игри

фото: eurovolley.cev.eu

Најдобрата македонска машка одбојкарска репрезентација со жрепка ги дозна противниците на Медитеранските игри во Оран, Алжир, кои ќе бидат одржани од 25 јуни до 5 јули 2022 година.

Одбојкарите се наоѓаат во групата „А“ во која ќе ќе играат со реномирани репрезентации, Италија и Египет.

Во групата „Б“ се репрезентациите на Грција, Франција, Турција и домаќинот Алжир, а во групата „Ц“ Шпанија, Србија, Хрватска и Тунис.

И најдобрите македонски женски одбојкарки ќе бидат дел од настанот во Оран, а тие ќе ја имаат честа да се надмудруваат со Грција, Тунис и Египет во рамките од групата „Б“.

Во групата „А“ се наоѓаат хрватската, српската и француската селекција, додека во групата „Ц“ се репрезентациите на Турција, Шпанија, Алжир и Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот