Познати полуфиналните двојки на САД опен, Пегула ја елиминираше Швјонтек

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Во женска конкуренција на гренд слем турнирот САД опен елиминирана е првата носителка Ига Швјонтек од Полска, која загуби од Џесика Пегула со 2:0 во сетови.

Американката Пегула го освои првиот сет убедливо со 6:2, а во вториот триумфираше со 6:4.

Противничка на Пегула во полуфиналето ќе биде Каролина Мухова од Чешка, која со 6:1 и 6:4 ја совлада Бразилката Беатриз Хадад Марија.

Во вториот полуфинален меч Американката Ема Наваро ќе игра против Арина Сабаленка.

Кај мажите полуфиналните двојки се: Јаник Синер (Италија) – Џеј Дрејпер (Велика Британија) и Тејлор Фриц (САД) – Френсис Тиафо (САД).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот