Познати полуфиналните двојки на Мастерсот во Синсинати

Првиот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ е последен полуфиналист во машка конкуренција на Мастерс турнирот во Синсинати, откако во четвртфиналето го совлада Лука Пуи во два сета и тоа со 7:6, 6:1. Иако релативно лесно го совлада францускиот тенисер, Ѓоковиќ ги загрижи фановите со тоа што побара лекарска интервенција за да го масира лакотот.

– Не знам, ќе видиме што ќе биде со лакотот. Бев помалку вкочен, посебно на сервисот но успеав да го завршам дуелот, што е одлично за мене. Но болката сè уште е присутна, се надевам дека до полуфиналниот дуел, таа ќе исчезне – изјави Ѓоковиќ.

Негов противник во полуфиналето ќе биде Русинот Данил Медведев кој минатата недела играше во финалето на Мастерс турнирот во Монтреал. Медведев во четвртфиналето релативно лесно со 6:2,6:3, го совлада сонародникот Андреј Рубљов кој пак во претходното коло направи сензација со елиминацијата на Рожер Федерер.

Во второто полуфинале ќе играат  Ришар Гаске и Даниел Гофан. Гаске во три сета, 7:6, 3:6, 6:2, го совлада Роберто Баутиста Агут и за прв пат од 2013 година обезбеди пласман во полуфиналето на еден Мастерс турнир. Гофан пласманот помеѓу најдобрите четворица теисери во Синсинати го обезбеди без борба бидејќи Јошихито Нишиока се повлече од турирот поради вирус.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот