Возачите во Формула 1 се меѓу најдоброплатите спортисти на светот, а кога станува збор за платите оваа година, очекувано највеќе заработи шампионот Луис Хамилтон.
Британецот оваа сезона во која доминира на патеките заработи дури 47 милиони евра од Мерцедес, а по него е возачот на Ферари, Себастијан Фетел кој инкасира 35 милиони евра.
На третото место според заработувачката е Даниел Рикиардо од Рено со плата од 20 милиони евра, додека Макс Ферстапен од Ред Бул доби 16 милиони евра.
Вторите возачи на Мерцедес и Ферари, Валтери Ботас и Шарл Леклер имаат идентична плата од деве милиони евра, а по нив следи Кими Раиконен со шест милиони евра. Карлос Саинс кој од идната сезона ќе вози за Ферари, годинава од Мекларен ќе добие 4.5 милиони евра. Листата на десет најплатени возачи во Формула 1 шампионатот ја затвораат Серхио Перез и Естебан Окон кои ќе заработат четири милиони евра.
Од 20 возачи во Ф1, само четворица имаат помала плата од еден милион евра, Данил Квјат, Џорџ Расел и Николас Латифи имаат плата од 750.000 евра, а најслабо платен е Антонио Џовинаци со 500.000 евра.