Познати осминафиналните двојки на „Австралија опен“

Марин Чилиќ го елиминираше петтиот носител Андреј Рубљов/Мелбурн, Австралија/22 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Познати се сите парови во осминафиналето на грен слем турнирот „Австралија опен“ во Мелбурн во машка и женска конкуренција.

Најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ по седмипат во својата кариера се пласираше во осминафиналната фаза откако во третото коло го елиминираше петтиот носител, Русинот Андреј Рубљов со 7:5, 7:6 (3), 3:6 и 6:3 за два часа и 36 минути игра.

Следен ривал на Хрватот ќе биде Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим кој со 6:4, 6:1 и 6:1 триумфираша над Даниел Еванс (Велика Британија).

Осминафинале (мажи), двојки –

Кецмановиќ – Монфис
Карењо Буста – Беретини
Зверев – Шаповалов
Манарино – Надал
Де Минор – Синер
Фриц – Циципас
Чилиќ – Оже Алијасим
Креси – Медведев

Осминафинале (жени), двојки –

Барти – Анисимова
Сакари – Пегула
Крејчикова – Азаренка
Бадоса – Киз
Мертенс – Колинс
Халеп – Корне
Швјонтек – Кирстеа
Сабаленка – Канепи

Видео на денот