Познати новите групи на Мундобаскетот, нема лесна задача за фаворитите

fiba.basketball

Возбудувањата на Мундобаскетот во Кина продолжуваат веќе утре со настапите во втората фаза. Креирани се нови четири групи со по четири репрезентации кои беа најдобри во првата фаза, а во која дури осум репрезентации имаат максимален број на победи.

Полска, Аргентина, Шпанија, САД, Бразил, Франција, Србија и Австралија беа перфектни во првата фаза и имаат далеку поголеми шанси за пласман во четветфиналето.

Најголем интерес ќе предизвикуваат натреварите во новоформираните грпи Ј и К. Големите европски ривали Србија и Шпанија меѓу себе ќе се борат за првото место во групата Ј, додека во групата К, бранителот на трофејот, САД го очекуваат натпревари против Бразил и Грција.

Грипа И: Аргентина (3:0), Полска (3:0), Венецуела (2:1), Русија (2:1).
Група Ј: Србија (3:0), Шпанија (3:0), Италија (2:1), Порторико (2:1).
Група К: Бразил (3:0), САД (3:0), Грција (2:1), Чешка (2:1).
Група Л: Франција (3:0), Австралија (3:0), Литванија (2:1), Доминиканска република (2:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот