Познати новите екипи на Мурињо и Конте

EPA-EFE/PETER POWELL

Жозе Мурињо и Антонио Конте од следната сезона се враќаат во италијанската Серија А, пишува францускиот „Л‘Екип“.
Според „Л‘Екип“, Мурињо, изненадувачки, треба да седне на клупата на Рома доколку тимот обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Весникот пишува дека сопственикот на ПСЖ, катарското кралско семејство Ал-Тани, на лето ќе ја купи „римската волчица“ и со големи вложувања во нови фудбалери, сака веднаш да се вклучи во трката за титулата во Серија А. Постои и мала шанса Мурињо, да не оди во Рома, туку во ПСЖ како наследник на Томас Тухел.

Антонио Конте се очекува на лето да ја преземе тренерската функција во Интер. Сопственикот на Интер, Стивен Жанг, верува дека Конте би успеал да привлече неколку фудбалски ѕвезди. Ангажманот на Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед е речиси готова работа но тој би требал да биде само едно од неколкуте засилувања.

Единствен проблем за сопственикот на Интер е сумата од околу 70 милиони евра за тренерите. Тој ќе мора да му исплати 20-тина милиони евра на сегашниот тренер Лучано Спалети како обесштетување за предвремениот раскин на договорот, а остатокот од сумата, се трошоците на тригодишниот договор на Конте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот