Познати номинациите за наградите Еми 2020: Серијата „Watchmen“ на врвот на листата

Серијата Watchmen со 26 номинации за телевизиските награди Еми е предводник на листата на номинирани.

Суперхеројската драма во продукција на телевизијата ХБО е номинирана за најдобра серија во ограничено траење, а добила номинации и за актерската екипа, која ги вклучува и Реџина Кинг и Џереми Ајронс.

Комедијата The Marvelous Maisel во продукција на Амазон со 20 номинации е втора меѓу сериите, а следи трилерот Ozark на Нетфликс со 18.

Нетфликс води пред сите мрежи со рекордни 160 номинации за емисии или актери, меѓу кои Stranger Things, Tiger King, Unbelievable и еврејската сага Unorthodox.

Потоа следи ХБО со 107 номинации, меѓу кои и големото изненадување Зендаја, 23-годишната sвезда на тинејџерската драма „Euphoria“.

Номинирани во категоријата најдобри актерки во драмска серија се Џенифер Анистон (The Morning Show), Оливија Колман (The Crown), Џоди Комер (Killing Eve), Лора Лини (Ozark) и Зендаја (Euphoria).

Во категоријата најдобар актер во драмска серија номинирани се Џејсон Батман (Ozark), Стерлинг Браун (This is Us), Били Портер (Pose), Џереми Стронг и Брајан Кокс (Succession) и Стив Карел (The Morning Show).

Наградите Еми ќе бидат официјално објавени на церемонија на 20 септември, но сè уште не е одлучено дали поради пандемијата на коронавирус настанот ќе биде виртуелен или ќе се одржи со присуство на публика.

Во продолжение можете да ги погледнете сите номинации.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот