Познати конкурентите за Лаурес наградите: Брејди, Ферстапен, Ѓоковиќ, Левандовски, Барти …

Макс Ферстапен е нов Формула 1 шампион/ фото: EPA-EFE/KAMRAN JEBREILI

Светската спортска академија Лауреус денеска ја објави листата на номинирани за престижната награда спортист на годината.

За признанието спортист на годината номинирани се Новак Ѓоковиќ (тенис), Том Брејди (американски фудбал), Кејлеб Дресел (пливање), Елиуд Кипчоге (атлетика), Роберт Левандовски (фудбал) и Макс Ферстапен (Формула 1).


Во конкуренција за спортистка на годината се наоѓаат Ешли Барти (тенис), Алисон Феликс (атлетика), Кејти Ледецки (пливање), Ема Мекион (пливање), Илејн Томпсон Хера (атлетика).

Кнадидати за тим на годината се фудбалската репрезентација на Аргентина, женскиот фудбалски клуб Барселона, олимпискиот тим на Канада во скокови во вода, НБА-шампионот Милвоки Бакс, фудбалската репрезентација на Италија и ф1 тимот на Мерцедес.

За наградата камбек на годината конкурираат Симон Бајлс (гимнастика), Скај Браун (скејтборд), Марк Кевендиш (велосипедизам), Том Дејли (скокови во вода), Марк Маркез (Мото ГП) и Анемик ван Влојтен (велосипедизам).

Во конкуренција за наградата спортист со најголем развој во годината се наоѓаат Ариарне Титмус (пливање), Данил Медведев (тенис), Ема Радукану (тенис), Нерај Чопра (атлетика), Петри (фудбал) и Јуулимар Рохас (атлетика). Имињата на добитниците на Лаурес наградите ќе бидат познати на почетокот на април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот