Познати кандидатите кои влегуваат во трка за новиот состав на МРТ и АВМУ

Околу десетина познати новинари и медиумски работници, професори се дел од вкупно 28-те лица кои се пријавиле на конкурсот за вкупно седумте места во новиот состав на АВМУ, информира БИРН. 

Овој состав на Советот, за првпат ќе се избира по нови правила пропишани со законските измени, за кои власта се надева дека ќе придонесат агенцијата да прерасне во вистински регулатор на медиумскиот бизнис.

Од новинарската фела, кандидати се поранешниот претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, уредничката на телевизија Телма, Сања Васиќ, новинарот Љубиша Николовски, уредникот на радиоемисијата Стадион на Канал 77 радио, Стојанче Наумов – Столе, како и уредникот на Алфа ТВ Љупчо Цветановски, некогашниот директор на ТВ Канал 5+ и претседател на поранешното еснафското здружение на национални телевизии АПЕММ, Виктор Грозданов, како и сопственикот на порталот Фактор, Александар Манев.

Целосната листа прочитајте ја овде. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот