Познати екипите кои ќе го „ловат“ Вардар

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Екипата на Вардар како бранител на трофејот ќе биде во една од двете посилни групи А или Б, а вкупно 35 екипи сакаат да го земат скалпот на „црвено-црните“ идната сезона. Европската ракометна федерација ги објави сите екипи кои се пријавиле за учество во Лигата на шампионите за наредната сезона, а покрај Вардар, уште две македонски екипи се надеваат на учество во елитното натпреварување, Еурофарм Работник и Металург.

Вкупно 35 екипи се пријавија за настап во ЛШ за следната сезона, но место ќе има само за 28 од нив. Според системот на натпреварување, во двете посилни групи А и Б ќе има по осум екипи, додека во групите Ц и Д ќе има по шест тима.

Според пропозициите на ЕХФ, 21 место во ЛШ е резервирано за шампионите на најсилните лиги, меѓу нив е и Вардар, а 16-те екипи со најдобар коефициент ќе играат во посилните групи А и Б.

Останатите 14 екипи се екипи кои имаат амбиција да играат во ЛШ и покрај тоа што не триумфирале во домашните првенства. Тоа се ракометни гиганти како Кил, Магдебург, Пик Сегед, Монпелје, Нант…

Кои екипи ќе добијат вајлд карта за настап во ЛШ ќе биде познато на 25 јуни, додека ждрепката ќе се одржи на 27 јуни во Виена.

Екипи со директно место во групна фаза:

Mешков Брест
Загреб
Алборг
Барселона
Кокс
ПСЖ
Фленсбург
Веспрем
Селфос
Вардар
Елверум
Келце
Порто
Динамо Букурешт
Чеховски Медведи
Целје
Кадетен Шафхаузен
Татран Прешов
Бешикташ
Мотор Запорожје

Екипи кои се пријавија за вајлд-карта:

ГОГ Гудме
Бидасоа
Монпелје
Нант
Шамбери
Кил
Магдебург
ПИК Сегед
Јунес Еш
Еурофарм Работник
Металург
Арендал
Висла Плоцк
Спортинг Лисабон
Кристијанштад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот