Познати двојките во баражот за Лигата на Европа

По одигрувањето на реваншите од третото квалификациско коло, познати се двојките за плејофот во Лига Европа. Најголеми возбудувања во вчерашните натпревари имаше во Грција и во Чешка каде домашните екипи беа елиминирани во продолженијата.

Арис успеа да ја надополни негативата од 0:3 против Молде, но во 105. минута Боли постигна гол кој го однесе норвешкиот тим во баражот.

Викторија Плзен со 1:0 во регуларните 90 минути го совлада Антверпен, а во продолженијата, фудбалерите на чешката екипата преку Крменчик во 97. минута повеа со 2:0 и дојдоа до резултат кој ги носи во последниот филтер за пласман во Лигата на Европа. Но Мбокани во 113 минута ги шокира домашните фудбалери и навивачи.

Во бараж двомечот, италијанско-англиската пресметка помеѓу Торино и Вулверхемптон предизвикува најголем интерес.
Првите натпревари ќе се играат на 22 август, а реваншите се закажани за седум дена подоцна.

Двојки за бараж двомеч:
Судува – Ференцварош
Копенхаген – Рига
Селтик – АИК
Арарат – Дуделанж
Лудогорец – Марибор
Линфилд – Карабах
Слован Братислава – ПАОК
Астана – БАТЕ Борисов
Торино – Вулверхемптон
АЕК Атина – Трабзонспор
Легија Варшава – Ренџерс
Феенорд – Хапоел Беер Шива
Стеауа – Виторија Гимараеш
Гент – Ријека
ПСВ – Аполон
Еспањол – Зориа
Партизан – Молде
Брага – Спартак Москва
Малме – Бнеи Јехуда
Стразбур – Ајнтрахт
АЗ Алкмар – Антверпен

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот