Познати двете групи на традиционалниот струшки турнир

фото: фејсбук

Од 12 до 16 август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“, кај „Женска плажа“ ќе се одржи 48. издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга.

Овој пат на турнирот ќе учествуваат само македонски екипи, вкупно осум кои веќе се поделени во две групи:

Група А: Вардар, Охрид, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2

Група Б: Еурофарм Пелистер, Металург, Прилеп, Струга

Организаторите во најскоро време треба да ги објават распоредот и термините за одигрување на натпреварите на овој наш најстар ракометен турнир.

Ќе се играат по три меча дневно и тоа во вечерните термини, освен на финалниот ден, а се уште не е познато дали ќе биде дозволено лимитирано присуство на публика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот