Познати датумите за натпреварите на Македонија во новото издание на Лигата на Нациите

ffm.mk

По вчерашната ждребка во Амстердам каде Македонија ги доби противниците за новиот циклус од УЕФА Лига на Нации, беа одредени и датумите и времињата на одигрување на натпреварите:

Благодарение на освоеното прво место во групата од лигата Д на првото издание од УЕФА Лигата на Нации Македонија сега се натпреварува во Лига Ц. Со освоено прво место во групата по ова издание на Лигата на Нации би следувала промоција во Лигата Б.

Лигата на Нации исто така ќе понуди дополнителна можност за квалификација на Светско Првенство на два најдобро рангирани пробедици од групите на Лига на Нации кои нема да обезбедат директен пласман на СП преку квалификациите.

Директен пласман на Мундијалот ќе обезбедат десетте победници на групи од квалификациите во 2021 година. Во разигрувањата за едно од трите преостанати места за светското првенство во Катар ќе земат учество десетте второпласирани екипи од квалификациите, како и две најдобро рангирани победници од групите на Лига на Нации кои нема да завршат на првите две места во квалификациите.

5 септември, 2020 Македонија – Ерменија
8 септември, 2020 Грузија – Македонија
8 октомври, 2020 Естонија – Македонија
11 октомври, 2020 Македонија – Грузија
13 ноември, 2020 Македонија – Естонија
16 ноември, 2020 Ерменија – Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот