Познати алпинисти најверојатно жртви во лавина во Канада

Тројца исчезнати алпинисти најверојатно настрадале во лавина во канадските Карпести Планини, соопшти денеска Ангенцијата за канадските национални паркови „Парк Канада”.

Во списанија за планинарење се наведува дека станува збор за познати професионалци алпинисти, Американецот Џес Роскелеј и Австралијците Дејвид Лама и Хансорг Ауер.

Се наведува дека тројцата настрадале при обид да го освојат врвот Хаус во националниот парк Банф.

Роскелеј е познат по тоа што на 20-годишна возраст го освои највисокиот врв на светот Монт Еверест, и во тоа време беше најмладиот човек кој успеал во тоа.

Лама и Ауер се исто така светски познати алпинисти, кои освоиле некои од најсложените светски врвови.

Од „Парк Канада” не ги објавија имињата на тимот, но ги опишаа како професионалци и искусни алпинисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот