Познатата златарница „Шоме“ во Париз е ограбена, одземен накит вреден од два до три милиони евра

Фото: EPA/WU HONG

Познатата златарница „Шоме” во Париз попладнево околу 17 часот е ограбена од страна на разбојник, кој одзел накит и скапоцени камења во вредност од два до три милиони евра, јави дописникот на МИА од Париз.

Златарницата „Шоме” се наоѓа во близина на Елисејските полиња во Париз.

Како што објави весникот „Паризиен”, разбојникот, кој дошол со скутер, влегол во познатата златарница околу 17 часот со пиштол и одзел накит и скапоцени камења, без насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот