Познатата водителка на Си-Би-Ес почина од коронавирусот

Познатата водителка на вести на Си-Би-Ес, Марија Меркејдер почина вчера на 54-годишна возраст, како последица од заразата со коронавирус.

Како што објави „Варајети”, Меркејдер 20 години се борела со вид на рак, па сите тие третмани и операции ја сместиле во ризичната група граѓани, најподложни на вирусот.

– Таа беше повеќе од талентирана новинарка. Ќе ни недостасува нејзиниот објективен дух. Марија беше дел од нашиот живот. Дури и кога ја однесоа в болница и знаеше дека нешто не е в ред, таа се грижеше за Си-Би-Ес. Ќе ни се јавеше за да нѐ бодри, да ни каже „вие го можете тоа”. Марија беше воин. Благослов за сите нас, изјави Сузан Зирински, постара извршна иректорка на Си-Би-Ес њуз.

Последната функција на Меркејдер беше – директорка за стратегија на човечките ресурси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот