Познатата турска актерка сподели фотографија од минатото, како таа изгледала пред 28 години (ФОТО)

Фотографија: Instagram

Една од најценетите актерки во Турција, но и пошироко, Бену Јилдирмар, на нашата публика позната по улогата на Фикрет Текин од серијата „Кога лисјата паѓаат“, на Инстаграм сподели фотографија од 1991 година и откри како изгледала како 20-годишна девојка. Доколку судиме според коментарите и комплиментите кои нејзините обожаватели и ги доделија, тие се воодушевени од нејзиниот изглед.

Иако за неколку дена ќе го прослави 50-от роденден, актерката токму со оваа фотографија докажа дека годините се само бројка.

Минатата година таа престојувала во Сараево и во ексклузивниот разговор за порталот „Азра“ таа открила досега непознати факти за ликот кој и ја донесе најголемата слава, своето семејство и животот во Турција, а и поврзаноста помеѓу неа и ликот на Фикрет. Таа исто така открила дека нејзината 18-годишна ќерка тргнала по стапките на мајка ѝ, но и татко ѝ кој исто така е актер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот