Природна и смела: Познатата турска актерка покажа како изгледа нејзиното тело само 4 месеци после породувањето (ФОТО)

Фото: Инстаграм / berguzarkorel

Популарната Беѓузар Корел ги освои срцата на многумина со улогата на Шехерезада во серијата „1001 ноќ“, а тоа се случуваше каде и да се појави во јавноста. Висока, витка, со прекрасни црти на лицето, популарната турска актерка и кога ја менува фризурата секогаш добива само пофалби од фановите.

Беѓузар Корел / Фото: Инстаграм / berguzarkorel

Но, изгледа дека турската јавност овој пат е многу остра спрема неа. Всушност, иако пред само 4 месеци се породи и на светот го донесе второто дете, критиките на сметка на прекрасната Шехерезад изненадија многумина.

Беѓузар Корел / Фото: Инстаграм / berguzarkorel

Среќна и задоволна со својот живот, Беѓузат одлучила со семејството да помине неколку дена на море, а нејзините фотографии во костим за капење го заобиколија светот за многу кратко време. Турските медиуми овој пат се многу остри спрема актерката па некој од натписите се „Познатата актерка Беѓузар Корел привлече внимание со својата прекумерна тежина“.

Беѓузар Корел / Фото: Инстаграм / berguzarkorel

Иако на нејзиното тело се гледа некој килограм плус што настанал за време на бременоста, сепак критиките се преостри бидејќи тоа е сосема нормална појава кај секоја жена. Дека коментарите се невкусни докажува фактот што истите не само што се однесувале на нејзината тежина, туку и на нејзиниот целулит.

Беѓузар Корел / Фото: Инстаграм / berguzarkorel

Додека едни остро ја осудуваат прекрасната актерка и сметаат дека како јавна личност мора брзо да се врати во форма, на другите тоа им е нереално.

Беѓузар Корел / Фото: Инстаграм / berguzarkorel

„Во природа на жената е да раѓа и нејзиното тело да се менува за време на целиот процес“, гласи  еден од коментарите на нејзините фанови кои застанаа во одбрана.

Актерката изгледа одлично, зарем не?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот