Познатата шминкерка на славните ја откри тајната на совршената кожа: Овие 5 состојки ги имате во кујната!

Кети Дино, шминкерката на познати личности, ги откри состојките на совршената маска за лице, а веќе ги имате дома.

Прво одделете ги кесичките чај – камилица и зелен – двата чаја имаат смирувачки ефект и антиоксиданси, но она што најмногу помага е во намалување на подуеноста на лицето и црвенилото, но исто така помагаат и во намалувањето на темните дамки. Исто така, двата вида чај можат да спречат формирање мозолчиња, особено оние што се појавуваат пред менструалниот циклус.

Подготовка:

Сварете доволно вода за да ги покриете тие две вреќички чај во чаша и оставете го чајот да се излади. Кога ќе се олади на собна температура, исцедете ја водата од вреќите и ставете ги двете вреќи во замрзнувачот, а потоа истурете го чајот во помал сад.

Измешајте една лажичка мед во чајот. Додадете неколку капки вински оцет (убива бактерии), а потоа додадете 1/4 авокадо или банана за да се згусне сето тоа убаво.

Извадете ги веќе ладните кесички чај од замрзнувачот, нанесете ја оваа прекрасна и ефикасна маска на лицето и деколтето на свежо исчистената кожа и ставете ги кесите со чај на вашите очи за целосно задоволство и релаксација.

После 15 минути (или подолго ако сакате), исплакнете ја маската, ставете серум и хидратантна крема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот