ПОЗНАТАТА СЕРИЈА ИНСПИРИРАНА ОД ЈУГОСЛАВИЈА? Што вели авторот за тоа?

Фотографии: Викимедија/Профимедиа

Серијата „Игра на тронови“ постана светски феномен, а во моментов се прикажува последната сезона.

Авторот Џ.Р.Р. Мартин признал дека инспирацијата за неговото маестрално дело бил токму распадот на Југославија.

Мартин ги пишувал своите книги во 1991 година, кога Југославија била на работ на целосно распаѓање, а целата јавност будно следела што ќе се случи со неа.

Постојат многу теории дека ликовите од серијата, односно секој народ одговара на одреден стереотип кој се „прикачувал“ за Југословените и тоа:

Ланистер – Словенци, кои се богати, русокоси и мислат дека се подобри од сите.

Тарел – Хрвати со плодна земја, важни, но никогаш клучни.

Грејџој – Далматинци кои живеат покрај море и се занимаваат со морепловство и други дејности поврзани со морето.

Дорн – Македонци, кои живеат на југ, на кои симбол им е сонцето, а тие се високи и убави луѓе.

Баратеон – Босна и Херцеговина, среќни луѓе кои сакаат гозби.

Роберт – симбол за Јосип Броз Тито, бидејќи по неговата смрт сè се распаѓа.

Ерин – Црногорци, живеат во планински места, а синовите во семејството имаат предност пред ќерките.

Старк – Срби, бидејќи се горди борци за слобода, нешто што другите го гледаат како бруталност.

Таргаријан – според овие теории тие се симбол за семејството Караѓорѓевиќ.

Џ.Р.Р. Мартин никогаш експлицитно не признал дека тоа е точно, но неколкупати кажал дека Југославија му била многу интересна и дека внимателно ги следел сите вести поврзани со настаните таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот