Познатата пејачка откри БОЛНА ВИСТИНА за своето семејство: Никогаш не го заборавивме!

инди
Принтскрин

Пејачките Инди и Едита, кои се актуелни на балканската поп-фолк сцена, откриле еден дел од нивниот живот за кој досега никогаш не разговарале.

Инди ја раскажала приказната за нивниот брат кој починал кога имал 21 година, како последица на компликации со здравјето поради Даунов синдром.

„Не одеше, не знаеше да јаде сам, не знаеше ни дека постои. Беше како растение, но ние сите се грижевме за него и многу го сакавме. Нè препознаваше нас, семејството, мајка ми, татко ми, сестра ми и мене. Беа тешки години, но наши се. За него бев спремна да направам сè“, раскажала таа.

Инди не крие дека многу луѓе им свртеле грб кога им било најтешко. Целото семејство било скршено кога починал во 2005 година, но никогаш не дозволиле споменот на него да избледне.

инди
Принткрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот