Познатата пејачка остана бремена од ДОНАТОР НА СПЕРМА на 44 години – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Познатата пејачка остана бремена од ДОНАТОР НА СПЕРМА на 44 години

Пејачката објави дека ќе стане мајка и дека наскоро ќе излезе и нејзиниот нов албум

Натали Имбрулија важи за една од најуспешните пејачки, која речиси и да нема песна што не стана вистински хит.

Но, нејзе не ѝ појде од рака да го пронајде партнерот со кој ќе основа семејство. Поради тоа, по примерот на многу жени во светот, реши да остане бремена преку ин витро процедура, со помош на донатор на сперма.

Покрај тоа што ќе стане мајка, Натали открила и дека снима нов албум. Таа е благодарна што медицината денеска е толку напредна што им овозможува на жените да се остварат како мајки, дури и ако не го нашле партнерот за тоа.

Имбрулија одамна изјавила дека ако не успее по природен пат, тогаш ќе побара друга опција и е подготвена на предизвикот да се реализира како самохрана мајка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close