Познатата италијанска рок ѕвезда и пркоси на короната со концерт – ама од дома

Преносот во живо преку социјалните мрежи во Италија се претвора во социјален феномен зошто ограничувањата стануваат се поголеми, па така на пример, Папата Франциск ја пренесе својата неделна молитва од Ватикан.

Италијанската рок ѕвезда Џана Нанини одлучи следниот концерт во четврток да го одржи дома, поради актуелната борба за сузбивање на коронавирусот, а нејзината публика ќе може да ја слуша онлајн преку социјалните мрежи.
Нанини преку Инстаграм реши да го сврти вниманието кон животот на поединецот, а во време на смртоносната епидемија.
-Страшна работа од овој вирус е осаменоста – напиша таа кратко откако владата воведе ограничувања на патувњата и јавните собири ширум земјата.

-Во Милано сум и сакам да изведам некои акустични рок песни на мрежата, така што сите да се чувствуваме малку поблиски едни со други, а сепак и натаму да бидеме сигурни. Ќе дадеме сѐ од себе заедно да го надмине овој ужасен момент – напиша таа.

Преносот во живо преку социјалните мрежи во Италија се претвора во социјален феномен зошто ограничувањата стануваат се поголеми, па така на пример, Папата Франциск ја пренесе својата неделна молитва од Ватикан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот