Познатата белгиска дизајнерка позираше во костим за капење: Има 74 години!

Instagram

Познатата модна дизајнерка Дајан Вон Фурстенберг е доказ дека годините се само бројка. Овие денови сподели фотографија во костим за капење и без грам шминка.

Светски познатата белгиска дизајнерка, која го прослави својот 74 роденден на новогодишната ноќ, реши да им покаже на своите бројни обожаватели на „Инстаграм“ дека едноставноста е најдобриот моден додаток.

Дали сум луда што објавувам ваква фотографија?“, напиша дизајнерката, велејќи им на сите гордо да ги носат своите години, бидејќи тие се доказ дека сме живееле. „Љубов за сите“, дополни таа.

Instagram
Instagram

Покрај маслинесто зелениот костим за капење, во кој изгледа совршено за нејзините години, Дајан позираше без грам шминка, а нејзиниот потег го поздравија многу познати дами, вклучувајќи ја и 62-годишната американска актерка Енди Мекдауел и мајката на кланот Кардашијан, Крис Џенер.

Instagram
Instagram

За време на нејзината импресивна кариера како моден дизјанер, Фон Фурстенберг постојано ги охрабруваше жените.

Сакам што сум жена… но сакав да водам машки живот во женско тело. Со таков живот почнав многу рано и посакувам сите жени да го искусат тоа“, еднаш изјави таа.

Instagram
Instagram

74-годишната дизајнерка, чиј заштитен знак станаа култните фустани на преклоп, се придружи на својата 71-годишна колешка Вера Ванг со храбра фотографија во костим за капење, која минатата година подеднакво ја воодушеви јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот