Познатата банана диета: Намалете 5 килограми за само две недели!

Откако во Јапонија излезе книгата за банана диетата, настана вистински банана-бум.

Тоа е приказната за јапонецот Ватанабе, кој со помош на оваа диета загуби 18 килограми за неколку месеци.

Зошто оваа диета стана толку популарна? Ватанабе тврди дека за губиток на вишокот килограми потребно е вообичаениот појадок да го замените со банани со млака вода.

Хитоши Ватанабе вели дека комбинацијата на банани со вода на собна температура доведува до забрзување на метаболизмот, па затоа човекот кој се придржува до оваа диета, за ручек и вечера може да јаде се што ќе посака, но и понатака ќе го губи вишокот килограми.

Исто така, незрелите банани содржат отпорен скроб, поради кој ние се чувствуваме сити. Како резултат, процесот на согорување на масти е уште поинтензивен, 30 % побрз, отколку при традиционалните методи. А водата, на собна температура го подобрува варењето, и го намалува чувството на глад.

Правила за утринската банана-диета

Појадокот е сочинет само од банани и вода. Можете да изедете една голема или 2 банани со средна големина. Бананите мора да бидат свежи, а водата на собна температура. Количината на водата е една до две чаши, задолжително.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот