Позната судбината на Зидан, ќе ја заврши сезоната и ќе заменет со тренерот на Ривер

epa07238804 River Plate?s head coach Marcelo Gallardo reacts during the FIFA Club World Cup 2018 semi-final match between Al Ain FC and River Plate in Al Ain, United Arab Emirates, 18 December 2018. EPA-EFE/MAHMOUD KHALED

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ќе ја заврши сезоната на клупата на „кралскиот“ куп и покрај срамната елиминација во Купот од третолигашот Алкојон.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез заедно со управниот одбор одлучиле дека Зидан ги потрошил сите кредити и ќе му дозволат да ја заврши сезоната на клупата бидејќи екипата треба да игра во осминафиналето во Лигата на шампионите, но и дека не се загубени сите шанси за титулата.
Но, покрај овие написи на шпанските медиуми, од Аргентина доаѓа вистинска бомба, тренерот на Ривер Плата, Марсело Галјардо ќе биде наследникот на Зидан.

Депортес Кватро објави дека Перез веќе имал контакти со претставниците на Галјардо и ги известил дека сака од следната сезона тој да седи на клупата на Реал Мадрид.

Галјардо од 2014 година седи на клупата на Ривер Плата досега освои грст трофеи како Копа Судамерикана (2014), Рекопа Судамерикана (2015,2016,2019), Копа Либертадорес (2015,2018), Копа Аргентина (2016,2017,2019), Супер куп на Аргентина (2017) како и титулата во аргентинскиот шампионат (2015).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот