Позната причината за пожарот во Нотр Дам

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Истражните органи сметаат дека причина за пожарот во париската катедрала Нотр Дам, што избувна во понеделникот, е краток спој, изјави денеска неименуван претставник на француската судска полиција.

Тој нагласи дека поради безбедносни причини истражителите сѐ уште не добиле дозвола за влез во катедралата и за пребарување на урнатините.

Претходно денеска, францускиот министер за култура Франк Ристер соопшти дека експертите стравуваат од можно уривање на три главни елементи на структурата на катедралата и во тек се активности за нивно зајакнување.

Францускиот претседател Емануел Макрон најави петгодишен план за обнова на Нотр Дам, кој некои експерти го оценија како премногу амбициозен, проценувајќи дека процесот за обнова би можел да трае и до 15 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот