Позната иднината на Клоп во Ливерпул, има договор до 2024 година, но…
Јирген Клоп минатата недела повторно изјави дека нема намера да си оди од Ливерпул иако екипата оваа сезона не игра според очекувањата и веќе испадна од позициите кои носат пласман во Лигата на шампионите.
Навивачите и управата му веруваат на Клоп кој има договор до 2024 година, но германските медиуми пренесуваат дека наредното лето ќе поднесе оставка за да стане селектор на Германија.
Оваа вест прв ја објави „Билд“ кој ретко греши во своите проценки и без разлика на тоа што Клоп има договор на уште три ипол години.
„Билд“ тврди дека постојат 68 проценти дека Клоп од наредното лето ќе си поднесе оставка и ќе го замени актуелниот селектор Јоаким Лев, кој планира да ја напушти селекторската функција по завршување на Светското првенство во Катар 2022 година.
Според весникот, планот на Клоп е да си оди од Ливерпул во 2022 година, да земе шестмесечен одмор и потоа по завршување на Мундијалот да седне на селекторската клупа на „панцирите“ на почеток од 2023 година. Дополнителен мотив за Клоп е тоа што Германија ќе биде домаќин на Европското првенство 2024 година.
Ова сценарио на „Билд“ е пореално од тоа дека Клоп ќе остане во Ливерпул до крајот на договорот.