Познат стартниот состав на Македонија за дуелот со Летонија
Денеска од 20.45 часот македонската фудбалска А репрезентација ќе го одигра петтиот натпревар од Ц сегментот во Лига на нации против Летонија.
Селекторот Благоја Милевски одлучи со кои 11 репрезентативци ќе го почне дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.
На голманската позиција е Димитриевски, во одбранбениот дел Алиоски, Зајков, Серафимов и Димоски.
Потоа, во средниот ред Елмас, капитенот Барди, Алими и Чурлинов, и во нападот ќе бидат Трајковски и Миовски.
Македонија со победа ќе го потврди првото место во групата, а потсетување дека три дена подоцна скопје во главниот град ривал ќе ни биде селекцијата на Фарски Острови.