Познат српски актер ќе помине 10 месеци во затвор, обљубил малолетник – Слободен печат
ВестиРегион

Познат српски актер ќе помине 10 месеци во затвор, обљубил малолетник

Актерот бил обвинет дека во август 2014 година обљубил 16-годишно момче така што го принудил на орален секс во тоалетот на Народниот театар во Сомбор.

Познатиот српски актер, 41-годишниот Горан Јевтиќ, ќе мора да помине 10 месеци во затвор, поради обвинение дека обљубил малолетник, јавуваат српските медиуми.

Српскиот актер Горан Јевтиќ (41) ќе помине 10 месеци зад решетки поради обвинението дека сторил недозволени полови дејствија над малолетникот Л. К, пишува српски „Блиц“.

Со одлука на судот, казната на Јевтиќ се преиначила, така што нема да ја служи во својот стан, туку ќе мора во затвор.

Да потсетиме, на Јевтиќ со првостепена пресуда му била изречена казна домашен притвор во траење од 10 месеци.

Актерот бил обвинет дека во август 2014 година обљубил 16-годишно момче така што го принудил на орален секс во тоалетот на Народниот театар во Сомбор.

Инцидентот се случил во текот на журката одржана во вечерните часови, по манифестацијата Театарски маратон.

Истрагата против актерот бил покрената наредната година, откако случајот во полиција го пријавиле родителите на момчето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close