Познат составот на меѓупарламентарната делегација ЕУ – Македонија

Европскиот Парламент го одобри составот на 44 меѓупарламентарнит делегации кои ги одржуваат парламентарните односи со други држави, региони и организации, меѓу нив и делегацијата за односи со  Македонија.

Делегацијата брои 13 членови и 13 заменици.

Од групата на Европските народни партии членови се: Александер Александров Јорданов (Бугарија), Владимир Билчик (Словачка) и Марион Валсман (Германија), а заменици од оваа политичка група се Јан Олбришт (Полска) и Мариа Спираки (Грција).

Од редовите на Социјалистите и демократите членови на делегацијата се Кати Пири (Холандија) и Андреас Шнејдер (Австрија), а заменици Билјана Борзан (Хрвастка), Пина Пичерино (Италија) и Михаи Тудосе (Романија), едно членско место се уште не е пополнето.

Од групата на поранешните либерлаи, сега Обновена Европа членови на делегацијата се Атие Алиева-Вели (Бугарија) и Ирена Јовева (Словенија), заменици Каталин Чех (Унгарија) и Клаудиа Гамон (Австрија).

Членови на делегацијата од редовите на Зелените/Европска слободна алијанса се Тинек Стрик (Холандија) и заменик Патрик Бејер (Германија).

Од групата Идентитет и демократија член е Масимо Казанова (Италија), додека заменикот не е назначен се уште.

Членови од групата на Европските конзервативци и Реформисти е Ангел Џамбазки (Бугарија) и како заменик Богдан Ржонца (Полска).

Од независните европратеници во ниту една група се Лефтерис Николау-Алаванос (Грција, комуинист) и Анунзиата Мари Рис-Мог (Велика Британија, Брегзит партија, двајцата заменици доаѓаат исто така од Велика Британија од Брегзит партијата Џонатан Булок и Матејо Ричар Патен.

Меѓупарламентарните делегации работат на одржување на односите и размената на информации со пратениците од Собранието на Република Северна Македонија, за промоција на основните вредности на ЕУ: слободата, демократијата, почитувањето на човековите права и основните слободи и владеењето на правото.

Одобрувањето на составот на делегацијата на пленарната сесија на Европскиот парламент, се прави врз основа на внатрешните одлуки на политичките групи и независните членови на ЕП. Во составот на делегацијата мора да се обезбеди правична застапеност на земјите-членки, политички мислења и родовата припадност.

Претседателот и потпретседателот на делегацијата ќе бидат избрани на основачкиот состанок на делегацијата, што треба да се одржи во септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот