Селекторот Игор Ангеловски го одреди составот кој од 18. часот ќе истрча на „Динамо Арената“ во Тбилиси и кој против Грузија ќе се обиде да направи историски подвиг, да се пласира на Европското првенство.
Во тимот се наоѓа и Аријан Адеми кој се жалеше на повреда на бутниот мускул но ќе стисне заби и ќе настапи на најважниот натпревар во фудбалската историја на Македонија.
Селекторот Ангеловски се одлучи да настапи со формација 3-5-2, во одбраната се Велковски, Муслиус и Бејтулаи. Во средниот ред покрај Адеми ќе играат и Алиоски, Николов и Ристовски, додека Есмас ќе биде веднаш зад напаѓачите Пандев и Несторовски.