Познат руски новинар осуден на 8 години затвор поради ширење лажни вести

Фото Јутуб принтскрин

Познатиот руски новинар Александар Невзоров е осуден во отсуство на осум години затвор, откако судот во Москва го прогласи за виновен за ширење „лажни вести“ за руската војска, пренесува независниот руски медиум „Медуза“.

Инспекторите отворија случај против Невзоров минатата година поради објави на социјалните мрежи во кои тој ги обвини руските вооружени сили за намерно гранатирање на породилиште во украинскиот град Мариупол, за што Москва рече дека е лажна вест.

Во соопштението, судот наведе дека тој ќе ја отслужи казната доколку некогаш се врати во Русија, а покрај тоа доби и забрана четири години да управува со интернет содржини.

Невзоров, кој води канал на „Јутјуб“ со речиси 2 милиони претплатници, ја нарече истрагата против него смешна и ја напушти земјата со сопругата минатиот март.

Украина му даде државјанство во јуни, откако тој јавно ја осуди руската инвазија, нарекувајќи ја војната „злосторство“, а Украина нејзина жртва.

Осум дена по инвазијата на Украина во февруари минатата година, Русија усвои закон со кој се определуваат затворски казни до 15 години за оние кои се осудени за намерно ширење „лажни“ вести за руската војска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот