Познат ресторан со необично решение: Кукли ќе им прават друштво на гостите

Instagram

Американски ресторан планира повторно отворање подоцна овој месец, бидејќи Вирџинија ја почнa првата фаза на повторно отворање на неесенцијалните претпријатија – но некои од првите клиенти можеби ќе изгледаат малку безживотно.

Во текот на првата фаза на отворањето на рестораните, во таа држава ќе им биде дозволено да ги служат гостите на терасите, кои се ограничени на 50 отсто од капацитетот. Но, „Inn at Little Washington“, ресторан со 3 мишелин ѕвезди, во кој дегустациското мени почнува од 248 долари по човек, не сака нивните маси да бидат празни.

Шефот Патрик О’Конел затоа одлучил да ги наполни со кукли. На фотографиите на ресторанот се прикажани кукли со перики и фустани од 40-тите години на минатиот век, односно во костуми со вратоврски и шапки.

Куклите се поставени така што изгледа како да јадат на масите, и како да разговараат.

О’Конел рекол дека неговиот ресторан сериозно ја сфаќа пандемијата. Тој додал дека неговиот персонал спровел длабинско чистење, а кога ресторанот ќе ги отвори своите врати, тие ќе носат маски со уште еден детаљ, кој би можел да ги развесели луѓето. Секој ќе биде украсен со насмевка на Мерилин Монро или со брада на Џорџ Вашингтон.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот