Познат распоредот на натпревари: Вардарци почнуваат против Скубе и Мешков Брест

фото: seha-liga.com/

Европската ракометна федерација веднаш по жрепката за новата сезона во Лигата на шампионите, го одреди и распоредот на натпревари. Новата сезона стартува на 16/17 септември, а Вардар во првото коло му гостува на белорускиот Мешков Брест за кого во новата сезона ќе настапува довчерашниот вардарец, Сташ Скубе.

Првиот натпревар пред своите гледачи Вардар ќе го игра во второто коло на 23. или 24.септември против Елверум. Големото дерби со фаворизираниот ПСЖ кој е предводен од Раул Гонзалес на клупата и Криштопанс на теренот, ќе се игра кон крајот на октомври (21/22) во Париз.

Првиот дел од групната фаза на ЛШ тимот го завршува со домашен меч со ПСЖ на 9/10 декември 2020 година.

Распоред на натпревари – групна фаза:

1 коло, 16/17.09.2020, Мешков Брест – Вардар
2 коло, 23/24.09.2020, Вардар – Елверум
3 коло, 30.09-01.10.2020, ПИК Сегед – Вардар
4 коло, 14/15.10.2020, Вардар – Фленсбург,
5 коло, 21/22.10.2020, ПСЖ – Вардар
6 коло, 28/29.10.2020, Вардар – Порто
7 коло, 18/19.11.2020, Вардар – Киелце
8 коло, 25/26.10.2020, Киелце – Вардар
9 коло, 02/03.12.2020, Порто – Вардар
10 коло, 09/10.12.2020, Вардар – ПСЖ
11 коло, 10/11.02.2021, Фленсбург – Вардар
12 коло, 17/18.02.2021, Вардар – ПИК Сегед
13 коло, 24/25.02.2021, Елверум- Вардар
14 коло, 03/04.03.2021, Вардар – Мешков Брест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот