Познат распоредот на Е. Пелистер и Металург во Лигата на Европа

фото: facebook.com/ihtstruga

Во првото коло битолчани го пречекуваат унгарскиот тим Татабања, додека Метлаург гостува во Франција на Тулуз.

Во новофоримираната ракометна Лига на Европа ќе учествуваат две македонски екипи, Еурофарм Пелистер кој обезбеди директен пласман во групната фаза и Металурге кој успешно ги помина квалификациите.

Денеска двете екипи ги дознаа противници, добија незгодни ривали, а стартот на Лигата на Европа е закажан за 20. октомври.

Веднаш беше направен и распоред и битолчани во првото коло ќе играат на домашен терен со Татабања , додека Металург го очекува гостување во Франција против Тулуз.

Металург уште на првиот домашен натревар ќе има вистински тест бидејќи ќе игра против Висла Плоцк која беше редовен учесник во Лигата на шампионите. Металурзите веќе во третото коло ќе играат со главниот фаворит Адемар Леон во Шпанија, додека Е. Пелистер во четвртото коло му гостува на Рајн Некар Левен.

Првите четири екипи од секоја група ќе обезбедат пласман во четвртфиналето каде ќе се игра по принципот А1 – Б4, Ц1 – Д4…

Рапоред на натпревари:
1. Коло: Тулуз – Металург, Е.Пелистер – Татабања
2. Коло: Металург – Висла, ГОГ – Е. Пелистер
3. Коло: Адемар Леон – Металург, Е. Пелистер – Кадетен
4. Коло: Металург – Фиверс, Рајн-Некар – Е. Пелистер
5. Коло: Металург – Чеховски М., Тримо – Е. Пелистер
6. Коло: Металург – Тулуз, Татабања – Е. Пелистер
7. Коло: Висла – Металург, Е. Пелистер – ГОГ
8. К: Металург – Адемар Леон, Кадетен – Е. Пелистер
9. Коло: Фиверс – Металург, Е. Пелистер – Рајн-Некар
10. Коло: Чеховски М. – Металург, Е. Пелистер – Тримо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот