Познат рапер почина од Ковид-19: На 35 години ја загуби битката со вирусот (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Познатиот американски рапер Фред Годсон почина на 35-годишна возраст, откако претходно заболе од коронавирус. Музичарот пред две недели беше пренесен во болницата во Њујорк, пренесуваат американските медиуми.

На својата последна објава на Инстаграм, се гледа како музичарот лежи приклучен на респиратор.

„Јас сум овде со ковид-19. Ве молам, сетете се на мене во молитвите”, напиша Фред.

Неговата вдовица, ЛиЕн Џемот известуваше за состојбата на својот сопруг во болницата додека тој се бореше со коронавирусот, но сè уште не се огласила по повод неговата смрт.

Работите се искомплицираа откако тој се заразил со вирусот затоа што имал асма, а исто така имал и проблеми со бубрезите. Во средата завршил на интензивна нега со висока температура.

Многу пријатели и обожаватели се збогуваа со Фред на социјалните мрежи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот